„Од институција која некогаш тонела во долгови, денес се радуваме на една која активно инвестира во нова опрема и реновирање на инфраструктурата. Оваа институција сега се грижи за јавното здравје, за разлика од порано, кога беше сведок на ревизорски извештаи кои откриваа дека служела за сѐ, само не за она за што е создадена – а тоа е да се грижи за здравјето на граѓаните. Сакам да им изразам благодарност на директорката, која со својата посветеност секојдневно ни носи пријатни изненадувања од оваа институција. Исто така, му благодарам на министерот, на сите во министерството и на директорот на здравствениот фонд за континуираната поддршка. Најголема благодарност им ја упатувам на вработените во Институтот за јавно здравје, на сите оние кои се борат и напорно работат секој ден за да постигнат подобри резултати. Тие се хероите на нашето општество, кои заслужуваат наше големо признание“, изјави Мицкоски.



