Мицкоски на ФБ: Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина

„Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина“, порача премиерот Мицкоски на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од неговото патување во воз.

„Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат“, соопшти Мицкоски.

„Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања.

Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.

Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина“, додава премиерот во објавата.

Прочитајте и:  Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег

- Реклама -