Мицкоски: Многудетно семејство е највисок патриотски чин

Премиерот изрази стравување дека за 20 години можеме да бидеме држава со под еден милион жители. „Тоа значи колапс за пензискиот фонд, тоа значи колапс за здравствениот фонд“, рече Христијан Мицкоски.

Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност. Многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава – тогаш семејството е одговорот на овој предизвик, порача премиерот Христијан Мицкоски на настанот за демографски трендови којшто се одржа во Владата. Станува збор за петгодишна програма којашто ќе ја спроведуваат Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), за демографската рецесија којашто ги мачи повеќето земји во светот.

Демографската рецесија не е нов феномен, таа трае повеќе од 70 години. Од 1950 година до денес бројот на новородени деца постојано опаѓа. „Во 1950 година во Македонија имало над 50.000 новородени бебиња. Во 2024 година имаме само околу 16.000 новородени бебиња“, вели премиерот.

Повеќе ТУКА