Мицкоски: Мерката за намалување на училишниот прибор ги дава очекуваните резултати

Премиерот Христијан Мицкоски преку „Фејсбук“ објави дека мерките на Владата за намалување на цените на училишниот прибор даваат резултати.

– Цените на училишниот прибор се значително намалени, што го олеснува товарот на родителите и овозможува секое дете да тргне подготвено на училиште. Семејствата, пак, ги чувствуваат позитивните ефекти бидејќи со намалените цени се овозможува повеќе средства да останат за други важни животни потреби, напиша Мицкоски објавувајќи дел од намалените цени на училишниот прибор.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје
- Реклама -