Мицевски до Беџети: Рамиз Мерко веднаш го суспендиравте, а Груби ќе се жалел… Каде ќе се жали?

„Свесно е владејачкото мнозинство за тоа на што се сте спремни да направите, само да ја избегнат одговорноста на голем дел политичари што им следува од ДУИ и СДС, се враќаат во национални теми затоа што нема што да кажат. Да зборуваме за „Зелената ДУИ“ нема што да зборуваме, да зборуваме за инвестициите кои ДУИ ги правеше изминативе години нема што да зборуваме, да зборуваме за образованието ДУИ кое го продуцираше нема што да зборуваме затоа што книги не успеаа да испечатат во изминатиот период, да не зборуваме за економијата бидејќи граѓаните ди доведовте до просјечки стап“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК, Никола Мицевски во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека ДУИ се фокусирани само на она што значи спас од политичка одговорност и упати прашање кон Блерим Беџети за тоа каде Груби ќе се жали?

„Морате да прифатите и не може сега да релативизиравме и да минимизирате кога истата оваа казна беше дадена на уште еден висок функционер на ДУИ, а тоа е градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко каде истиот ден се организиравте и го суспендиравте од сите политички функции кои ги имаше. За денеска, да кажувате небулози дека Артан Груби имал право на жалба и ќе ја докажел својата невиност, на кого колега Беџети ќе ја докаже невиноста кога американската администрација односно Стејт департментот излезе со тоа дека имаат докази за политичкото влијание во судството и тие нема да бидат толерирани, рече Мицевски.

Прочитајте и:  Сиљановска-Давкова: Најмалку што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да работи согласно Уставот и Деловникот

Мицевски продолжи и додаде дека на граѓаните им е преку глава од измислените правила на ДУИ.

„На граѓаните им е преку глава од вашите правила. Граѓаните на овие избори ја казнија политиката на ДУИ и СДС. Граѓаните на овие избори дозволија опозицијата да направи Влада. Етнички победник кај Албанците се Влен затоа што сами освоија 110,000 гласа“, дециден е Мицевски.

- Реклама -