„Договорот е јасен. И ако го следиме духот на пријателството многу лесно ќе се објаснуваме. Прво факт е дека нашиот јазик е македонскиот јазик, тоа е прифатено во договорот. Истовремено е факт дека е од групата словенски јазици. Научен, потврден факт. Исто така е јазик на сите граѓани кои живеат во Северна Македонија и во дијаспората. Но тоа е различно од хеленското културно наследство, со нивните традиции. Тоа е разграничено. И во духот на добрососедството, и градењето на пријателството, треба да имаме разбирање за вакви прашања“, одговара премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА (од вчера именувана како Медиумска информативна агенција), додавајќи дека „идентитетските прашања се лични, нешто што го носиме во градите, тоа никој не може да го смени“.
На прашањето дали е проблем да се каже дека во Грција се зборува македонски, Заев истакнува дека тоа е право на Грција и тоа е нивно да го коментираат.
„Со наше невнимание би можеле да предизвикаме незгодни ситуации поради тоа што имаме јасен и прецизен договор, што ние политичарите треба да веруваме во него и внимателно да го имплементираме, а после тоа и граѓаните на двете земји, така што оставам тоа Грција да си го коментира, тие си имаат свој начин на поставување на работите, ние ги почитуваме, тие се наш стратешки партнер“, изјавува Заев.
Целото интервју ТУКА.