Метју Меконахи живеел со змии без вода и струја

Метју Меконахи се одлучил на живот без жена му Камила Алвес, ќерката Вида и синовите Леви и Ливингстон заради потребите на улогата во филмот „Mug“.

Актерот поминал цела недела на ненаселен остров на реката Мисисипи. Живеел во шатор без струја и без вода. Единствено друштво му биле дивите животни кои ги сретнал таму.

288997_mcconaugheyafpnew-yorkdi003686020_f

Во филмското остварување Метју глуми бегалец кој го бркаат убијци и полицајци. Додека го чека девојката, тој се крие во изолиран остров.

„Живеев опкружен со две магариња и неколку змии. Беше интересно искуство“, изјавил Метју.

Тој додал и дека на островот го посетила актерката Рис Витерспун која го терала да се врати во градот.

- Реклама -