Метеролошка бомба: Британија стравува од голема бура

Ветровите ќе доаѓаат со брзина од 128 километри на час, додека замрзнатиот арктички воздух од север во текот на викендот, ќе се претвори во пороен дожд и снег.

Велика Британија се подготвува за зимско невреме, откако метеролошката служба “Met Office” издаде неколку предупредувања за создавање на т.н. „метеролошка бомба“, јужно од Гренланд.

Ветровите ќе достигнат брзина од 128 килиметри на час, додека студениот артички воздух од север во текот на викендот ќе се претвори во олуен дожд и снег.

Силни ветрови, според “Met Office”, ќе дуваат утре (четврток) наутро, а воедно е издадено и жолто предупредување за централниот и северниот дел на земјата.

Според метеролозите брановите ќе достигнат висина до 15 метри.

- Реклама -