Метео предупредување! Утре и во петок невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео предупредување во кое се вели:

Утре (четврток) и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, како и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Извор