Експертите од еден белгиски универзитет го откриле идеалното решение за главоболката која секојдневно мачи голем број на луѓе.
Металното венче Cefaly за само триесет минути ќе го отстрани секој вид на главоболка.
Белгискиот професор Жан Шонен изјавил дека направата во вид на тенко сребрено венче кое се поставува на челото е способно да пренесува електро импулси до надочните нерви кои се одговорни за чувствителноста на и околу очите.
Овој начин на лечење нема несакани дејства за разлика од честото консумирање на аналгетици.
Експертите препорачуваат металното венче кое засега е достапно само во западно – европските држави да го користите секојдневно во текот на три месеци по 30 минути.