На фотографиите се гледа оштетената врата од тоалетот, дупките од куршумите, крвавата ВЦ школка и подот. Дамките крв биле по целата куќа, на ѕидовите, на креветот…
На Интернет се појави видео со фотографии на кои е прикажана куќата на јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус во која ја уби неговата девојка Рива Стенкамп на 14 февруари.
Писториус тврди дека случајно ја убил затоа што мислел дека е крадец, па четири пати пукал низ вратата од купатилото. Дури откако пукал забележал дека Рива не е на креветот и ја разбил вратата со палка. Рива ја погодиле три куршуми.Еден завршил во лактот и ѝ ја скршил раката, друг ја погодил на десната страна на главата над увото, а третиот завршил во нејзината нога.
Обвинителството тврди дека Оскар намерно ја убил Рива кога дознал дека е бремена од нејзиното поранешно момче.
[youtube]http://youtu.be/Sop_t4T6jn8[/youtube]
Судењето на Оскар почнува на 4 јуни.