Места што не треба да ги посетите: Метро во Сао Паоло, Бразил (видео)

Има и полошо од гужвите во скопските автобуси. На пример, гужвите во метрото на бразилскиот град Сао Паоло.

Видеото е снимено непосредно по протестите на вработените во јавниот градски (автобуски) превоз, но тоа во никој случај не значи дека оваа глетка е само последица на вонредна ситуација. Напротив, самите жители потврдуваат дека секојдневно, во пикот на раздвиженоста, метрото изгледа подеднакво сурово и е едно од најлошите и најнепријатните места каде што човек може да се најде.

Малку подобра е ситуацијата во Мексико Сити, освен ако не сте на станицата во најраздвижените 5 минути околу 6.35 часот. Тоа би изгледало вака:

dypzndbdfv5yuu9kcz3r[1]

ПС. Светското фудбалско првенство допрва треба да започне.

- Реклама -