Места на кои задолжително треба да им се предадеме на жешките страсти

Температурите сè повеќе се зголемуваат, а со нив и страстите. Токму летото е идеално време да им се предадеме на задоволствата и да го прошириме својот сексуален спектар.

Може да пробате многу и најразлични места со партнерот и да уживате. Не заборавајте дека на лето нема забранети работи, секако доколку имате доволно години да знаете што навистина значи тоа.

Каде? Ви нудиме неколку предлози, поточно места на кои што задолжително треба да имате секс со партнерот, кога сте на море.

Во вода

Една од задолжителните работи за оваа сезона е сексот во морето. Не размислувајте дали ќе ви се допадне, туку најпосле обидете се да го пробате. Ова може да е едно од најпријатните и незаборавни искуства за ова лето.

Ако не сакате да се забавувате со партнерот, додека другите се на плажа и се печат, тогаш Ви препорачуваме да го направите тоа во текот на ноќта или едноставно да изберете некоја осамена плажа, каде што никој нема да ви пречи.

На плажа

Толку многу работи паѓаат на ум кога ќе се спомене „секс на плажа“.

Плажата е совршено место на кое може да се занесете прегрнати, да си направите романтична вечера, да ги гледате ѕвездите, а потоа да имате одличен див секс, на некоја песочна дива плажа.

0155837001434631759_0

Нестандардно место

Летото е сезона на лудориите и авантурите, бидејќи како што веќе рековме, нема ништо забрането. Зошто и вие со вашиот парнер да не направите нешто глупаво? Само изберете некое нестандардно место каде ќе можете да имате луд секс, како на пример покривот на хотелот, во кој сте сместени.

Ќе ви треба само шише вино или друг алкохол по избор, јагоди,  а може и течно чоколадо и се разбира, што е можно помалку облека.

Можете дури и да му направите изненадување на партнерот, со тоа што нема да му кажете каде ќе одите. Искачете се, уживајте во извонредната глетка, намачкајте се со крем и од таму натаму ги оставаме работите на вашата имагинација …

На забава

Летото е сезона на забавите, непроспиените ноќи и лудиот танц.

Ако вашите пријатели ве поканиле на забава во некоја вила на море, не откажувајте! Ова ќе биде едно прекрасно искуство, а крајот може да биде повеќе од одличен. Сето тоа зависи од вас, се разбира.

Прво забавувајте се со пријателите, а потоа најдете некоја мирна соба, каде ќе можете да останете сами со партнерот и да се препуштите на телесните задоволства.

Тензиите од тоа дали некој ќе затропа на вратата во секој момент, ќе ви ги разгорат страстите уште повеќе, ќе го подигнат вашиот адреналин и ќе доживеете одличен бурен секс.

- Реклама -