Месото што го јадеме е полно со антибиотици

Научниците од универзитетот Принстон утврдија дека сé поголемата глобална побарувачка на месо предизвикува сé почеста употреба на антибиотици при одгледувањето на живината и стоката. Се поставува прашањето: Како тоа влијае на здравјето на луѓето што го јадат месото?

Извештајот од студијата е објавен во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences. Во него се наведува дека антибиотиците се употребуваат од две причини; Првата е што со нивна помош, стоката побрзо добива на телесна маса. Втората е што се неопходни за да се сочува здравјето на животните, благодарение на лошите услови во кои се одгледуваат.

„Луѓето се сé побогати и сакаат да јадат повеќе месо“, објаснува Томас ван Бекел, епидемиолог на универзитетот Принстон и автор на истражувањето.

Така, во 2010-тата, фармерите ширум светот употребиле повеќе од 63.000 тони анитибиотици при одгледувањето на стока и живина, а оттогаш оваа бројка постојано расте. Се очекува дека во 2030-тата година употребата на антибиотици ќе достигне 105.000 тони.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Јадењето на месо со антибиотици не поминува без одредени ризици по здравјето на луѓето. Имено, консумирањето на вакво месо создава отпорност на тие антибиотици, а тоа значи дека подоцна, заштитата од одредени бактерии ќе биде потешка и дека антибиотиците нема да ни бидат така ефикасни сојузници. Згора на тоа, а можеби и најстрашно, е што може да дојде до мутација на микроорганизмите, т.е. формирање на супербактерии, кои и самите би развиле отпорност на антибиотиците.

„Ако нешто се промени, тоа ќе се случи само затоа што потрошувачите ќе бараат квалитетни и безбедни производи, како што е органската сланина“, смета ван Бекел. „Но, се разбира, не може секој да си приушти таква храна“.

- Реклама -