Меси негира дека затајувал данок

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси излезе со соопштение преку кое ги негира информациите дека тој и неговиот татко затаиле данок во висина од 4 милиони евра.

Вчера се појавија информации дека Лео Меси и неговиот татко од 2007 до 2009 година поднесувале лажни даночни пријави со кои ја оштетиле државата за 4 милиони евра.

Меси во моментов е на репрезентативна должност со селекцијата на Аргентина, тој брзо реагираше и преку соопштение на фејсбук ги негираше информациите:

„Ние само преку медиумите сме запознаени за тужбата поднесена од шпанските даночни власти” – вели Меси во соопштението.

„Изненадени сме од ваквите вести бидејќи никогаш не сме сториле нешто погрешно”.

„Секогаш сме ги исполнувале нашите даночни обврски по совет на нашите даночни консултанти кои ќе се погрижат да се расчисти оваа ситуација”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -