Виланова: Одмор за сите, освен за Меси

Барселона е веќе пласирана во следната фаза од Лигата на шампионите, па не е никакво изненадување што тренерот Тито Виланова реши да им даде одмор на поголемиот дел од стандардните протимци на вечерашниот дуел со Бенфика. Така, вечерва на „Камп ноу“ нема да се појават Чави, Иниеста, Фабрегас, Педро, Маскерано и Жорди Алба, како и повредените Дани Алвеш и Алексис Санчез, но тренерот Тито Виланова сепак е убеден дека неговиот тим ќе успее да стигне до триумф. Причина за ова е присуството во стартниот тим на неповторливиот Лео Меси, кому му е потребен само еден гол за да го израмни фантастичниот рекорд на Герд Милер од 85 погодоци во една календарска година.

„Лео е фантастичен играч и самиот бараше да се најде на теренот против Бенфика. Се подразбира дека тој ги прави сите свои соиграчи на теренот уште подобри, па затоа верувам дека неговото присуство ќе ни ја донесе победата. Можеби Бенфика има поголеми мотиви за да атакува на позитивен резултат, но играме на „Камп ноу“, каде што сме непобедливи оваа сезона“ – изјави стратегот на Барселона, Тито Виланова.

- Реклама -