Еден руски клуб понудил Барселона 250 милиони фунти до Барселона за Лео Меси, пишува шпанскиот „Ел мундо депортиво“, не наведувајќи ја екипата за која се работи. Оваа астрономска понуда би ја отворила клаузулата од договорот на Меси, според која Барселона би морала да го пушти аргентинскиот фудбалер.
Како што се наведува Меси во новиот клуб би добивал по 24 милиони фунти по сезоната. Иако не пишува за кој клуб се работи, медиумите наведуваат дека најверојатно во прашање е Анжи од Махачкала и сопственикот на екипата, рускиот милијардер Сулејман Керимов.
Ако биде склопен договорот, би бил соборен рекордот на еден трансфер, бидејќи досега највисокиот е 94 милиони евра, колку што Реал Мадрид му плати на Манчестер јунајтед за Кристијано Роналдо. Камерунецот Самуел Ето, пак, стана најплатениот фудбалер на светот кога во август 2011 мина во Анжи од италијанскиот Интер.