Еден канаѓанец ја искористил ниската температура која паднала до -35 степени целзиусови, со цел да направи вистински леден замок.
Жената мислела дек анејзиниот маж полудел кога пред куќата почнал да прави ледени блокови. Тој ги извадил сите пластични кутии од домот, ги наполнил со вода и додал во секое различна боја. На ваква ниска температура водата брзо се претворила во мраз. Секој ден правел по 30 ледени блокови. По четири недели, достапност до влезот на куќата скоро нема, а на неговата сопруга ништо не ѝ било јасно.
Но канаѓанецот имал цел и не попуштил иако вели дека знаело да биде многу тешко и болно да работи на таков студ. После четири недели, тој започнал со градење. Цели шест ноќи ги редел блоковите еден врз друг и направил замок. Го осветлил со рефлектори кои дале дополнителен шарм, а воодушевени биле и соседите кои веднаш дошле на дружење во шарената тврдина.