Мерки и забрани: Царинска војна на границата меѓу Србија и Хрватска

Србија после полноќ започна да применува контрамерки против Хрватска и полицијата нема да дозволи во Србија преку било кој граничен премин да поминат товарни возила со хрватска регистрација, како ни возила кои пренесуваат хрватска роба, изјави министерот за надворешни работи на земјата Небојша Стефановиќ.

nebojsa stefanovic drzi kzs u palati srbija palata srbija ex SIV povodom hapsenja ljudi koji su ukrali indentitet bratu aleksandra vucica andreju foto nemanja pancic

„ Ни бродовите, ни железницата, ни камионите, ниту било кое друго транспортно средство кое е регистрирано на територијата на Хрватска, нема да може да помине преку Србија. Ниту роба, макар ја пренесувал и превозник со регистарски назнаки на трета земја“, изјави Стефановиќ пред новинарите на граничниот премин Батровци.

Тој додава дека патниот сообраќај ќе продолжи да функционира.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави рано утринава во Брисел дека контрамерките на Србија се смешни.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Premijer Hrvatske Zoran Milanovic izjavio je na danasnjoj konferenciji za novinare u Zagrebu da Hrvatska nije zadovoljna odbijanjem hrvatske tuzbe za genocid, ali jeste time sto je Medjunarodni sud pravde odbio srpsku protivtuzbu. Uz vest Bete. (BETAPHOTO/HINA/Lana SLIVAR DOMINIC/DS)

„ Жал ми е поради ова, но овие мерки се смешни“, изјави Милановиќ.

Спорот настана откако Хрватска не ги послуша барањата на Србија и ЕУ да го отвори граничниот премин Батровци/Бајаково за товарниот сообраќај од Србија.

Претходно, Хрватска ја затвори границата со цел да ги присили српските власти еден дел од бегалците да ги испраќа кон граничниот премин Хоргош на границата со Унгарија, а не само кон Хрватска.

- Реклама -