Меркел објасни зошто преферирала руски гас

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше на функцијата од 2005 до 2021 година, го објасни својот претходен избор за руски гасовод наместо течен природен гас со придобивките за индустријата.

Во интервју за уредничкото здружение РНД, објавено денеска, Меркел објасни дека германската економија избрала достава на гас преку цевководи од Русија бидејќи бил економски поевтин од течниот гас од Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и од САД.

„Не верував дека може да се постигне промена преку трговија, но дека е можно да се воспостават врски, особено со нуклеарна сила“, рече Меркел. „Во овој контекст, по склучувањето на договорите од Минск, сметав дека Северен тек 2 е прифатлив“, додаде екс-канцеларката.

Прочитајте и:  Путин: Украина мора да биде неутрална за да дојде до мир

„Северен тек 2“ беше целосно поставен, но никогаш не беше пуштен во употреба.

Извор: МИА

- Реклама -