Меркел: Не сме на крајот, туку на почеток на пандемијата; Германија не може да успее ако не успее и Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се обрати во Бундестагот по повод борбата против коронавирусот, воведувањето на строги мерки и нивното олабавување во насока на враќање на животот во „нормала“.

„Денешните 80-годишници и 90-годишници ја изградија оваа земја и ги поставија темелите на благосостојбата во која денес живееме“, започна Меркел во својот говор.

Таа ги повика Германците да покажат издржливост и дисциплина за да истраат преку пандемијата која „е уште на почетокот“. Канцеларката повика и на зголемување на буџетот на ЕУ за да се поддржи закрепнувањето на економијата во европскиот блок.

Таа изрази загриженост дека Германците се опуштаат околу мерките и напорите за социјално дистанцирање сега кога федералните и регионалните власти одново ги отворија продавниците неделава.

Германија е петта по бројот на потврдени случаи на коронавирус, зад САД, Шпанија, Италија и Франција, но со релативно мал број на пoчинaти. Според последните податоци, бројот на нови случаи во Германија се зголеми за 2.352 на вкупно 148.046, а бројот на опоравени е поголем од бројот на нови случаи.

„Токму поради тоа што бројките влеваат надеж се чувствувам обврзана да речам дека овој привремен резултат е кревок. Се наоѓаме на тенок мраз, најтенкиот мраз дури. Сѐ уште сме далеку од излез од шумата. Не живееме во финалната фаза на пандемијата, туку сѐ уште на почетокот“, предупреди Меркел.

„Во оваа ситуација на борба против коронавирус уверена сум дека сега мораме да покажеме голема дисциплина, за да можеме подоцна што поуспешно да ја стартуваме економијата и да одржиме прифатлива здравствена ситуација. Воведените ограничувачки мерки на почетокот на пандемијата значеа и значат можност ширењето на вирусот да го ставиме под контрола и тоа беше основата по која се водев во своето одлучување“, рече таа.

„Нашиот федерален поредок е силен, тоа мора да се истакне. Но, не смееме да се препуштиме на лажната надеж и сега да го пpoкоцкаме сето она што досега го постигнавме. Да бидеме мудри и внимателни во следната фаза на пандемијата. Ова е трка на долги стази и мораме да внимаваме да не останеме без здив.

За отворање на општеството во оваа ситуација потребни се и сила и креативност да се воведат нови начини на однесување. Во овој момент не можеме да кажеме како ќе се опоравува нашата економија која е загpoзена сѐ додека трае пандемијата. Затоа беше важно да ги поддржиме нашата економија и нашите работници“, рече Меркел.

Прочитајте и:  Германија за бирократијата троши 146 милијарди евра годишно

Сепак, таа истакна дека Германија не може да успее ако заедно со неа не успее и Европа.

„Сите овие наши мерки на национално ниво нема да вродат со плод ако не дојде до закрепнување на европско ниво. Германија не може да успее ако Европа не успее“, рече канцеларката, потенцирајќи дека Германија сака финансиската помош од ЕУ за малите и средните претпријатија да биде подготвена за поделба веќе до 1 јуни, притоа најавувајќи дека денеска на Европскиот совет ќе се разговара за тоа како Европа може побрзо да реагира за да помогне на европската економија.

Европската порграма на инвестиции во следните две години би можела повторно да ја покрене економијата. Таквата програма треба да биде во склад со заендичкиот европски буџет. Мораме да се запрашаме кои стратешки способности европската унија треба да ги има во иднина“, рече канцеларката.

Таа истакна дека Германија мора да биде подготвена да плаќа повеќе во буџетот на ЕУ.

„Нашите консултации денес сѐ уште нема да се однесуваат на деталите или на одлука до кој степен, но едно е јасно: Во духот на солидарноста, треба да сме подготвени, во извесен временски период, да придонесуваме многу поразлично, значи многу повеќе, во Европскиот буџет“.

„За нас во Германија Европа е судбинска определба.

Европа не е Европа ако едни на други не помагаме во вонредни времиња и под зaкaна на долгови“, порача Меркел во говорот кој во неколку наврати беше прекинуван со аплауз.

Во говорот Меркел истакна и дека вакцината против Ковид-19 ќе треба да биде достапна во целиот свет. Исто така, таа порача дека Светската здравствена организација (СЗО) е незаменлив пapтнер за Германија, со тоа дистанцирајќи ја својата влада од американскиот претседател Доналд Трамп и неговата одлука САД да го прекинат финансирањето на СЗО.

 

 

- Реклама -