За овој модел се зборува одамна и се чини дека врвот на интересот околу него ќе биде на 9 септември, кога се очекува да го има своето официјално онлајн деби.
Околу еден месец подоцна тој ќе биде претставен и пред пошироката јавност за време на автомобилскиот салон во Париз.
Mercedes и AMG веќе понудија доста детали за моделот, кој тие го опишуваат како „врвен автомобил за задоволство“. Во него ќе чука срцето на новоразвиениот V8 4,0-литарски би-турбо мотор, кој ќе се нуди во две модификации, со 510 КЅ и 650 Nm и додатокот GT-S, како и 462 КЅ за GT.
AMG GT-S се очекува да забрзува до 100 km/h за 3,9 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 312 km/h. Тој ќе се позиционира врз 19-инчни фелни на предната и 20-ки позади, „потковани“ со 265/35 Michelin Pilot Super Sport напред и 295/30 одзади. Купувачите на GT-S ќе можат да се потпрат на E-diff, додека кај GT ќе се нуди диференцијал со ограничено лизгање и 19-ки за двете оски.