Седанот Mercedes-AMG E63 импресионира со своите неверојатни квалитети уште при своето појавување, но сега дојде време и за премиерата на комби-верзијата. Таа се одржа на салонот во Женева, каде што можеше да се види дека технички овој автомобил не се разликува од стандардниот модел.
Моделот располага со најголем багажник во класата – 640 литри кои се зголемуваат до 1820 литри при спуштање на задните седишта. Моторот е ист како кај седанот – 4.0 литарски V8 битурбо кој во стандардната варијанта развива 571 КС и 750 Nm, а во верзијата S – 612 КС и 850 Nm. При ниски оптоварувања половина од цилиндрите се исклучуваат и така се штеди гориво.
Основната верзија забрзува од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди, додека S наставката за 3,5 секунди. Максималната брзина е ограничена по електронски пат на 250 km/h, но со доплата ограничувањето може да биде поместено на 290 km/h. Индивидуализираната суспензија влегува во стандардната опрема, а карбон-керамички сопирачки се опција.
И кај двете верзии моторот работи во комбинација со 9-брзински автоматски менувач AMG Speedshift MCT, чии параметри се разликуваат кај варијантата со погон на четири тркала. Кај стандардниот Mercedes-AMG E 63 задниот блок е со механички блокада, а кај S-верзијата – со електронска контрола. Автомобилот има и посебен дрифт режим, при што погонот е на задните тркала, системот за стабилизација се исклучува, а менувачот поминува на рачниот режим.
Најголемиот конкурент на Mercedes-AMG E 63 досега беше Audi RS6 Avant, но на пазарот наскоро ќе излезе и Porsche Panamera Sport Turismo што значи веќе се појави доста интересен судир.