Меѓу најубавите странски зборови кои опишуваат благосостојба, љубов и позитивни емоции, а кои ќе станат дел од речникот составен по избор на новинари од Independent, се најде и „мерак“. Меѓу другите, на речникот работи и Тим Ломас од Универзитетот на Источен Лондон, а ќе биде составен од изрази и поими кои ширум светот опишуваат задоволство, а не можат да бидат преведени на англиски.
„Мерак“ – српски збор (според Independent), означува „задоволство кое произлегува од малите нешта“, наведуваат во весникот.
На листата се наоѓа и хавајското „алоха“, кое ширум светот се користи како поздрав кон дојденците, иако всушност значи „здив на присуството“, но и турскиот збор „гумусерви“ (кој го означува Месечевиот отсјај во водата), „цвеч“ (Велшани го користат за да ја искажат сигурноста која произлегува од прегратките), данскиот „монфеск“ (со кој Данците ја опишуваат свежината по добриот сон), јапонскиот „накама“ (означува блиски пријатели од кои едниот во другиот е платонски заљубен), „одал“ (на шриланкански значи „лажно лутење кон саканата личност“, холандскиот „гезелигеид“ (кој го изразува чувството на топлина кога сте заедно со саканата личност) и други.
„Ова истражување има за цел да обезбеди увид во културните разлики и конструкцијата на зборовите кои искажуваат благосостојба, со што (ова е амбициозниот дел од проектот) воедно би се проширил и емотивниот речник и перцепцијата на таквите позитивни чувства“ на целото човештво, напиша Ломас во текстот за Журналот за позитивна психологоија.
Засега во речникот постојат нешто повеќе од 200 такви зборови, поделени во 3 групи. Првата се однесува на чувствата – позитивни и комплексни, втората – на меѓусебните односи и блискоста, а третата – на карактерот, потенцијалите и духовноста. Тука се и кинеската “Ži zi ži šou, ju zi ksie lao” – која го означува моментот кога ја држите раката на саканата личност и остарувате заедно, а и португалскиот „кафун“ – кој го означува чувството кога со прстите ќе поминете низ косата на саканата/ниот.