Мендух Тачи го напуштил „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ

Информацијата ја објави порталот Тетова сот, повикувајќи се на партиски извори, a потврда дека Тачи како едиствен пратеник на ДПА ја напушта коалицијата предовдена од ДУИ добила и ТВ Телма. Според партиските извори на кои се повикуваат медиумите, Тачи наскоро треба ѝ се обрати на јавноста во врска со напуштање на коалицијата

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, наводно ја напуштил коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Информацијата ја објави порталот Тетова сот, повикувајќи се на партиски извори, a потврда дека Тачи како едиствен пратеник на ДПА ја напушта коалицијата предовдена од ДУИ добила и ТВ Телма.

Мендух Тачи, лидер на Демократската партија на Албанците (ДПА)

„Да, нашиот лидер го напушти ‘Европскиот фронт’. Претседателот на ДПА ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“,

изјавиле партиски извори за Тетова сот и Телма, најавувајќи дека Тачи наскоро ќе ѝ се обрати на јавноста за напуштање на коалицијата.

Мендух Тачи беше кандидат за пратеник на „Европскиот фронт“ во Изборната единица 6. Со неговото заминување од коалицијата, „Европскиот фронт“ ќе падне на 17 пратеника во Собранието.

- Реклама -