Старата мелница (Le Vieux-Moulin, на француски) се наоѓа во областа Вернон, во северниот дел на Франција. Датира од 16-тиот век и е конструирана на врвот на древен камен мост, кој поминувал над реката Сена. Првично, на мостот имало пет мелници, чии долен дел бил опремен со мелничко тркало прилагодливо на нивото на водата.
Од мостот денес не е останато многу. Само старата мелница уште се држи на два од столбовите на десниот брег. Изграден е во 12-от век од страна на кралот Филип II Август, наменет за лесно движење на војниците.
Во тоа време, кралот Филип е во војна со англискиот крал Ричард I, кој управува со западната половина од Франција. Мостот е утврден со предмостие на брегот – едноставна квадратни структура, опколена со четири 20-метарски кули, опкружена со ров и поврзана со објектот со дрвен подвижен мост.
За среќа на тогашните и денешните жители на Вернон, непосредно пред тврдината да се вклучи во војната, цела Нормандија станува француска во 1204 година, а крвопролевањата се повлекуваат од регионот. Тоа трае век и половина.
Откако ќе го изгуби своето воено значење, кралот Филип ги продава правата на објектот за градење на воденици и рибарство. Наскоро се изградени пет мелници, вклучувајќи ја и оваа што уште опстојува.
Ниту локалните власти, ниту кралското семејство не се нафаќаат да го одржуваат мостот. Во 1651 година, дел од мостот ќе биде разрушен при една поплава. Наместо поправка, поставени се фериботи на другата страна на реката.
Вернон нема нов мост повеќе од двеста години, кога во 1860 година еден помал камен мост бил изграден на неколку десетици метри погоре по текот на реката. Десет години подоцна тој е разбиен на парчиња, за време на Француско-пруската војна, по што е обновен, но повторно разрушен во 1940 година и уште еднаш во 1944 година, за време на Втората светска војна.
Старата мелница исто така беше погодена при бомбардирањето во 1940 и 1944 година, и беше на пат да падне во реката. Во меѓувреме, управата на градот реши да ја спасува, а денес е обновена и е симбол на градот Вернон.