По белата мусака, која многу ви се допадна, денеска ќе ви откриеме како се подготвува мексиканса мусака. Велат дека и најголемите критичари на трпезата ќе ги освоите со овој рецепт. Едноставно се подготвува, а миксот на зачини, зеленчук и месо е неодолив.
Состојки: 3 готови тортиљи, 300г домати, 400г телешко месо, 100г тиквица, 2 помали главици кромид, 4 чешниња лук, оригано, ким, сол, бибер, 200мл неутрална павлака, 200г рендано сирење, 200г пченка, магдонос, зејтин
Подготовка: Доматите, тиквициите, кромидот и лукот исечете ги на коцки, посолете ги, зачинете ги со оригано и ким, и измешајте ги. На загреан зејтин испржете го зеленчукот десетина минути, а кога ќе омекне испасирајте го.
На загреан зејтин испржете го телешкото месо исечено на ленти, а кога ќе биде готово прелијте го со испасираниот зеленчук, додајте ги павлаката, исецканиот магдонос и пченката, па уште малку пропржете.
Тортиљите исечете ги на коцки и испржете ги да станат крцкави. Во сад за печење наизменично редете ги пржените тортиљи и сосот од зеленчук и месо. Одозгора изрендајте сирење и ставете да се пече во рерна допдека сирењето не добие златна боја.
Добар апетит!