Мека чоколадна тортица за две минути

Ви се јаде нешто слатко, но не ви се наоѓа ништо низ дома? Сакате нешто домашно направено, но за жал не ви одат од рака кулинарските вештини?

За изработката на овој колач, потребни ви се се на се две минути, состојки кои сигурно ви се наоѓаат низ дома, микробранова печка и „нула“ готварско искуство.

Состојки:

– 2 лажици зејтин (или маргарин)
– 2 лажици вода
– ½ лажичка екстракт од ванила
– 2 лажици брашно
– 2 лажици како
– 2 лажици шеќер (или доколку сакате да е поблаго повеќе)

Подготовка:

1. Растопете го путерот во микробранова печка во внатрешноста на шолја кафе. Во шолјата додадете ги сите останати состојки, добро промешајте и ставете во микробранова печка на најсилно, околу една минута.

2. Чоколадната торта би требало да биде испечена однадвор, и мека одвнатре. Во зависност од јачината на печката и десертните преференции – тортата можете да ја испечете и неколку секунди повеќе или пак една минута плус.

Сервирајте заедно со сладолед од ванила или шлаг.

Уживајте!

- Реклама -