„… во Македонија сите, колку толку, се криминализирани и корумпирани, но не и партиските структури на ДУИ?! И ако е така, тогаш зошто оваа држава трага по решенија како да ги раскорени корупцијата и криминалот: доволно е управувањето на државата да и се препушти на единствената „незаразена” партија од криминал и корупција – ДУИ“ пишува публицистот и аналитичар, Ким Мехмети во колумна за „Либертас“.
„…во Македонија сите, колку толку, се криминализирани и корумпирани, но не и партиските структури на ДУИ?! И ако е така, тогаш зошто оваа држава трага по решенија како да ги раскорени корупцијата и криминалот: доволно е управувањето на државата да и се препушти на единствената „незаразена” партија од криминал и корупција – ДУИ! — пишува публицистот и аналитичар, Ким Мехмети, во колумна за „Либертас“.
(…)
„Албанците во Македоноја многу нешта не знаат, кога се во прашање „тајните” на управувањето со државата, но не и тоа зошто, на пример, Заев толку се залагаше ДУИ да ги добие локалните избори и да продолжи да владее со Албанците, на централно и на локално ниво: затоа што знаеше дека оваа партија го држи под контрола албанскиот криминал, и затоа што знаеше дека само преку ДУИ и тој може да стане „акционер” на овој контролиран криминал.
Да, во Македонија насекаде се разоткрива кримнал и кражба, но ДУИ остана „мајка” на чесноста. Отука, држава која има партија што успеала две децении по ред владее со криминалци, а при тоа таа самата да ја сочува својата чесност, не треба да се грижи за својата иднина, оти неа ја нема“. – констатира Мехмети.