Механизми и трикови против икање

Никој не сака да го фати икавица, особено не кога е меѓу други луѓе. Сепак, смеењето, пиењето алкохол, брзото јадење, или едноставно некоја чудна реакција може да предивика грчење на дијафрагмата, кое пак предивикува воздухот побрзо да стигне до вашите бели дробови. Како резултат, наеднаш се затвораат гласните жици, а иритантното „хик“ неконтролирано излетува од вас, се чини најчесто во најнепожелните моменти.

BBC ни ги претставува двата најуспешни механизми за да ја спречиме:

Во првата група спаѓаат методите со кои се зголемува нивото на јаглероден диоксид (CO2) во крвта, што ги инхибира грчењата на дијафрагмата. Тука спаѓаат техниките како задржување на здивот и дишење во кеса. Научниците не се сигурни зошто овој метод некогаш делува, но претпоставуваат дека е начин да се одвлече вниманието на телото, со тоа што ќе го насочи кон справување со зголемените количини CO2. Некои од нив пак сметаат дека икањето е директна последица на мало количество CO2 во крвта, па зголемувањето ја поправа состојбата.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

hiccup 2

Другиот метод е стимулација на нервот-скитник (вагус), кој оди од мозокот кон стомакот и ги координира дишењето и голтањето. Тој е исто така вмешан во икавицата, но со негова стимулација можете да го нарушите текот на настаните и да испратите сигнал до мозокот да се занимава со новата стимулација. Тука спаѓаат методи како голтање на преголеми голтки вода, гризење на лимон и јадење издробен мраз. Влечење на врвот од јазикот, ставање на прстите во ушите или нежно притискање на очните јаболки, исто така го стимулираат нервот-вагус. Суштината е во тоа да го „замаете“ телото да го насочи вниманието кон новата драматична стимулација. Затоа кај некои луѓе успева и методот на заплашување.

Сепак, научниците не се сигурни зошто било кој од овие методи работи, па препораката е да ги испробате сите, и да продолжите со оној што за вас е најефикасен.

- Реклама -