Живееме брз и стресен живот, па сосема е разбирливо што одвреме навреме ни е потребно повремено бегство од грижите. Ретко кој би го оспорил терапевтскиот ефект на водата и морската шир по однос на ова прашање, но проблемот е што хотелите не можат да пловат, а не сите можеме да си дозволиме јахти. Плус, од внатрешноста на хотел или јахта немате баш некој совршен 360° поглед кон морскиот хоризонт.
Затоа, предлогот на стартап компанијата Punta Del Mar се чини како идеално решение. Се работи за пловна соба, houseboat, кој може да плови сам, но и да се надоврзува со други единици формирајќи мини хотел (за со пријатели, на пример) на вода.
Дизајнот е резултат на соработката меѓу шпанските архитектонски фирми Mano de Santo и KMZero Open Innovation Hub, чија цел била да создадат павилјон од кој ќе можеме „да му пристапиме и да научиме да го сакаме, да се грижиме и да го почитуваме морето“. Павилјонот располага со вкупна површина од 74 метри квадратни, распоредени на две нивоа. Собира до две лица, што е супер изговор за да не ги поведете децата. „Приземејто“ содржи мала бања и удобна спална која продолжува во приватна тераса. Ѕидовите се обложени со огледала за подобра дистрибуција на сончевата светлина. Приватноста се постигнува со полуотворени вариолајт ролетни. Горниот спрат е замислен како „чил-аут“ палуба која овозможува панорамски поглед на морската шир, а до него се стигнува преку сет внатрешни скали.
„Сплавот“ има свое осветлување, интегриран звучен систем и клима. Сите овие можете да ги контролирате преку апликација.
Повеќе инфо на официјалните веб сајтови на Mano de Santo, KMZero Open Innovation Hub и Punta Del Mar.