Различни луѓе ги изразуваат своите чувства поинаку. Карактеристиките се определуваат дури и на основа на одделните нации. Некои се познати како повеќе резервирани, а други како емоционални и експресивни.
Gallup направија рејтинг на најемоционалните држави во светот врз основа на свое истражување во кое учествувале 1 000 лица на возраст над 15 години.
Истражувањето било спроведено во 150 земји во светот меѓу 2009 и 2011 година.
Најмалку емоционални се земјите од поранешниот Советски Сојуз.
Блискиот Исток и Африка подлегнуваат најмногу на негативни емоции.
Кај позитивните емоции се водат земјите од Латинска Америка.
10-те најемоционални држави во светот, според истражувањето на Gallup, се:
1. Филипините
2. Ел Салвадор
3. Бахраин
4. Оман
5. Колумбија
6. Чиле
7. Коста Рика
8. Канада
9. Гватемала
10. Боливија