Третото издание на „WatchOut!“ Меѓународниот филмски фестивал, ќе се одржи од 12 до 15 јуни во Тетово.
Ова издание на „WatchOut!“ Филмскиот фестивал со својот концепт го фали животот и надежта, додека ја истражува денешната реалност и борбата за подобар свет. Фестивалот ќе ги искористи уметноста и културата за да ни ја доближи туѓата реалност, истовремено премостувајќи ја со надеж за посветла иднина.
Вечерните проекции ќе се изведуваар во 20:00 часот е Амфитеатарот пред Музејот на Комунистичката партија во Тетово. Доколку времето е лошо, алтернативни места се кино просторите на Центар ЛОЈА.
Победниците од трите натпреварувачки категории ќе бидат поканети во Тетово на свеченото отворање на фестивалот.
Фестивалот ќе биде проследен со многу придружни настани како што се работилници, дискусии и забави.
Тетовскиот филмски фестивал е во организација на Центарот за балканска соработка ЛОЈА и финансиран од Гете Институт – Скопје.