Поради тежината на градите има големи проблеми со грбот, но таа не се откажува – ќе оди под нож уште еднаш!
Лејси Вајлд има толку големи гради што секоја ѝ тежи по 6 килограми. Со тоа Лејси е официјално 7-ма жена по ред со најголеми гради во светот, а сега сака да ги зголеми.
„На светот постојат барем милион блондинки со големи гради, но не постојат милион блондинки со огромни гради како моите“, е нејзината славна изјава.
Заради големината на градите има големи проблеми со грвот, но таа не се откажува. Ќе замине под нож уште еднаш. Поради големината има вградено потпора од нејзините мускули и свинска кожа.
Од појавување на разни настани годишно заработува и до 250 000 долари.
„Со силиконските гради им осигурав на моите деца убав живот и се би повторила ако морам. Горда сум што сум пластична“, изјавила Лејси која има три деца.