Меган Фокс ќе работи 20 дена во годината

Ѕвездата од „Transformers” Меган Фокспризна дека вложува напори да работи максимум 20 дена во годината, со цел да биде во близина на  своите синови.

„Треба да снимам барем еден филм годишно, за да имам можност да им платам  добар колеџ и да им обезбедам нормален живот“ изјави актерката.

Таа додава дека ќе работи многу малку во следниот период, со цел да се посвети само на своето семејство.

Иако е дел од машината на Холивуд, Фокс не им дава на децата да гледаат телевизија.

- Реклама -