Медведев: Овој судир ќе трае многу долго, можеби и со децении

„Војната во Украина може да трае со децении, со долги периоди на борби исцртани со прекини на огнот“, изјавил главниот соработник на рускиот претседател Владимир Путин и поранешен претседател на земјата и актуелен заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност – Дмитриј Медведев, за време на посетата на Виетнам, јавија руските медиуми.

„Овој конфликт ќе трае многу долго, најверојатно со децении. Сѐ додека постои таква власт, ќе има, да речеме, три години примирје, две години конфликт, и сè ќе се повторува“, рекол Медведев, повторувајќи го тврдењето на Москва дека Украина е нацистичка држава.

Медведев редовно користи исклучиво остра реторика, ѕвечка со руското нуклеарно оружје и го предупредува Западот, а минатиот месец украинските власти ги опиша како заразна болест.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Извор: МИА

- Реклама -