Медиумите треба да дадат поголема поддршка, во афирмација и истакнување на успесите, позитивните примери, патот кој го поминува една жена за да се избори со стереотипите, средината, конкуренцијата, семејството,додека да стигне до менаџерската позиција.
Со поставување на жената во улога на менаџер пред јавноста, може вистински да се стекне впечаток како изгледа светот на менаџирањето, но од женски агол.
Потребна е континуирана поддршка од медиумите, за да се постигне поголем развој на женското претприемништво. Светот на жените менаџери во македонското стопанство не е докрај осознаен. Менаџерите истакнуваат дека секојдневно се подложени на истата борба во оваа професија, која ја имаат и мажите на менаџерската позиција. Но, забележуваат дека веќе чувствуваат поголема почит од окружувањето, во споредба со минатите години.
Во македонското стопанство има многу успешни примери за жени кои успеале да стигнат до менаџерската позиција во компаниите. Во тој процес, медиумите треба да дадат поголема поддршка, во афирмација и истакнување на успесите, позитивните примери, патот кој го поминува една жена за да се избори со стереотипите, средината, конкуренцијата, семејството,додека да стигне до менаџерската позиција. Со поставување на жената во улога на менаџер пред јавноста, може вистински да се стекне впечаток како изгледа светот на менаџирањето, но од женски агол.
Од анализите кои досега се направени за жената во улога на директор или претприемач, може да се воочи дека се уште, особено во помалите и семејни бизниси, иако жената формално ја води менаџерската позиција, сепак од позадина, во управувањето доминира мажот.Ваквите трендови, постепено се менуваат, а улогата на медиумите во тој процес е клучна. Значењето на оваа поддршка е големо, бидејќи преку поддршката може да се постигне поголем ефект во стопанството, да се создадат повеќе нови компании, да се отворат нови работни места.Инаку, жените успешно се снаоѓаат во улогата на менаџери, веќе имаме примери за високо едуцирани менаџери, кои управуваат современи и успешни компании.
Бројките говорат дека новиот економски систем дава поголема шанса жената да се истакне во бизнисот, да стане успешна и да се избори за менаџерската позиција. Веќе 30% од жените во бизнисот се наоѓаат на менаџерската позиција во македонските компании, особено во приватниот сектор. Во таа насока, економската емисија „Профит“ на Наша ТВ,со својот водител, Марија Георгиевска, на неодамнешната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери од Република Македонија и дијаспората“ во организација на агенцијата „Марили“,доби признание како медиум и емисија, која во третирањето на економските теми, дава голем фокус на жената во деловниот свет. Емисијата, преку темите се обидува докрај да го осознае тој деловен свет, со сите негови предизвици, давајќи секогаш доза на оптимизам, како свој заштитен белег, со што ќе помогне на менаџерите да опстојат цврсто на позицијата.