Медицинска сестра од Лондон со вуду обреди принудувала жени на проституција

Медицинската сестра Жозефин Ијаму од Лондон добила затворска казна во траење од 14 години, поради обид да принуди пет жени од Нигерија да работат како проститутки во Германија.

Притоа, таа им се заканувала со вуду обреди. Оваа медицинска сестра е позната и како Мадам Сандра, а жртвите потекнувале генерално од Бенин и Нигерија. Сите ги заплашувала со вуду обреди.

На судењето, при изрекувањето на пресудата, судијата изјавил дека Ијаму покажала целосен презир кон жените, гледајќи ги како робови. Тие се плашеле дека ќе им се случи нешто лошо на семејствата доколку се обидат да ѝ се спротивстават.

Прочитајте и:  Германија за бирократијата троши 146 милијарди евра годишно
- Реклама -