Револуционерна медицинска стега (видео)

Крварењето е најголемата причина за трауматска смрт која може да се спречи, а во борбени услови во воена зона рани кои крварат се тешки за контролирање. Доктор Денис Филипс, пензиониран хирург од Канадската Воена Морнарица и претседател на Innovative Trauma Care од Едмонтон, видел многу такви рани за време на неговата служба во Авганистан.

Тој се запрашал дали постои начин за намалување на стапката на смртност од трауматско крварење која би била различна од традиционалните преврски и хемостатички агенти за чија употреба е потребно драгоцено време. Инспириран од обична шнола Филипс дизанирал направа која ја нарекол ITClamp.

ITClamp во основа е стерилна пластична стега долга околу пет сантиметри со закривени игли по должината на „вилицата“. Во случај на повреда стегата се нанесува многу брзо и лесно врз раната. Иглите и обликот на стегата ја повлекуваат раната во направата и нанесуваат еднаков притисок. Ваквата апликација ѝ овозможува на крвта да се згрутчи што ќе го спречи крварењето.

{youtube}8SbADgzgJUc{/youtube}

На овој начин ITClamp овозможува стабилизација на повреденото лице сè додека не биде достапна дополнителна медицинска нега. Стегата може да биде нанесена за неколку секунди и може да биде користена со минимална обука. Направата чини околу 65 долари што ја прави достапна за воени единици и болници насекаде но сè уште чека одобрување за општа употреба.

- Реклама -