Меџити: Нема потреба од дилеми, Албанците ќе бидат над 25%

Нема потреба од дилеми околу бројноста на Албанците, бидејќи според сите индикатори, на пописот тие ќе бидат над 25%, изјави потпретседателот и координатор на пратеничката група на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир – Изет Меџити, пренесува „Плусинфо“.

„Спорец бројот на ученици, по наталитет и по многу фактори, Албанците ќе бидат над 25 отсто. Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис“, рече Меџити.

Според него, опозицијата – со оспорување на законот за попис, не придонесува за доброто на државата, бидејќи е крајно време е да се изврши таа статистичка операција и да се има точната бројка. Тоа ќе биде добро, како за идните стратегии и развој, било за економските параметри, било за друга природа, вели Меџити.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд

 

- Реклама -