„Медена земја“ во трка за две статуетки, МКЦ организира групно следење на „Оскарите“

Документарниот филм „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска пишува двојна – и македонска, и оскаровска историја, а тоа е доволен повод за Младинскиот културен центар (МКЦ) да организира групно следење на церемонијата на доделување на најпрестижните филмски награди, во живо.

Како што веќе напишавме и претходно, „Медена земја“, освен што е првиот филм во македонската кинематографија што е номиниран во две категории, е и првиот документарен филм во историјата на Оскарите кој е кандидат за две статуетки – за Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм (односно филм од неанглиско говорно подрачје).

Како што е најавено во Фејсбук евентот на МКЦ, Оскарите ќе се следат на 9 февруари, од 23.00 до 01.00 часот, во киното „Фросина“. Подетални информации од МКЦ најавуваат наскоро.

Евентот: https://www.facebook.com/events/1023665397995007/

- Реклама -