Кога сакаш да се направиш паметен па испаѓаш … не, нема да речам глуп … тоа нема врска со сотојбата на авторот на текстот, туку така толку премногу интернет непсимен што просто боли. Мислиш мачето наа Атиџе е Стивен Хокинг спрема мислителов кој побркал баби и кофи со ладна вода во кој се тресат бели бубрези.
Е па ајде, јас јанкосвиња глупа дебела да им објаснам на нивните партиски тромбони.
-Секое авторско, уметничко, музичко било какво дело, било кое, е заштитено на јујтуб.
-На јутјуб не може да стои пиратерија!! точка!
-Ако авторите ја поминале било која процедура за било кој фестивал мора да имаат копирајт на своите дела.
-Ако и во некое лудило, не го заштитиле како тоа може да биде вмровска злоба што филмот, кој го има и на торенти веќе со месеци, да се најде незаштитен на јутјуб.
Ако еве сите потфрлиле, како дежурни моралисти со два клика се пријавува пиратско дело на јујтуб и ќе ги заштитевте авторите- еве јас сум дволичен? А вие? Легион?Зошто не пријавте пиратерија која е криминал? А? Муклес … посекако.
Ај, повелете, симнете било кој спот, од например Kуку Леле и ставете го на својот јутјуб канал! Ајде да ве видам! Секако дека одма ќе ве исплеска јутјуб со своите алгоритми.
Значи не е проблемот ни до вмровци ни до овци, како мене или тебе, се работи што продуцентот и авторите и сите фестивали каде настапиле имаат право да заштитат дело или да го остават слободно секој да го гледа.
Процедурата за забрана, ако веќе сите направиле превид – трае ни помалку ни повеќе до еден час и да биде казнет, баниран и филмот одстранет.
За разлика од вас, јас од 1992 се залагам за заштита и промоција и авторски права на секој уметник од Македонија, и тоа и го напишав пред неколку дена, но, кога видов дека е ставен на јујтјуб, секако дека го споделив, затоа што тој филм е таму преку 48 часа со преку 57 000 гледања до вој миг.
И кого омаловажувате? Авторите кои не сакале или не си го заштитиле делото или публиката која нормално, како и секаде во свет се обидува да го симне преку торент.
Не навредувајте интелигенција ни на авторире, ни моја, а најмалку своја, срамно е абер да се нема од процедури за забана на пиратерија – а кога едно дело е незаштитено тоа е одговорност само и исклучиво продукциската куќа.
Ај сега да ве видам, дали ќе се обратите ним?