Македонскиот документарец „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е избран да ја претставува државата во трката за „Оскар“.
Филмот е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“ и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Реализиран е во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од „Фармахем“.
Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, „Еј“ во режија на Васил Христов, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски, „Боите на Преспа“ во режија на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски.
Филмот освои огромен број награди, а имаше и голем триумф на фестивалот во Санденс каде освои три награди – за најдобар документарен филм, за кинематографија и специјална награда од жири Фејми Даут и Самир Љума.
Утревечер документарецот премиерно ќе се прикажува пред македонската публика како дел од програмата на „Македокс“ во Куршумли ан.