Британски доктор ги советува своите сонародници да се лекуваат со средства кои има во секој дом – мед, шеќер, ѓумбир, краставица.
Имено, раните успешно можат да се лекуваат со мед, тврди Роб Хикс пред „Дејли мејл”. Според зборовите дури и малите порезни рани можат да се воспалат во топло време. Тие треба да намачкаат со мед , кој ги убива бактериите . Ако нема мед, може да се користи шеќер, советува д-р Хикс.
Терапевтот тврди дека каснувањата на инсекти кои можат да остават лузни при гребење, може да се лекуваат со чајни ќесички или овесни снегулки.
При циститис помага обична сода со вода. Ако половина лажичка со сода се прелива во чаша вода и дневно се пие по неколку такви чаши, тоа значително ќе ја намали болката, иако нема да го отстрани воспалението.
При изгореници специјалистот советува да се користат краставици, а махмурлакот се лечи со банани.