Мед и цимет, комбинација која лекува

Утврдено е дека мешавината на мед и цимет лекува многу заболувања и е користена со векови. Циметот е еден од најстарите зачини користен од луѓето, додека медот е можеби и постар од нас луѓето. Доколку овие две состојки се помешаат, се добива лек со инзворедна моќ, вкус и мирис. Ќе ви ги наведеме сите можни болести на кои оваа комбинација може да помогне.
cimet-i-med

Заболување на срцето

направите смеса од мед и цимет во прав и намачкајте ја на леб. Овој оброк може да се јаде секојдневно за доручек. Го намалува холестеролот во артериите и го намалува ризикот за срцев удар.

Убод од инсекти

Помешајте една лажица мед, две лажици топла вода и една лажичка цимет во прав. измешајте ја смесата убаво и нанесете ја на местото на убодот. докажано е дека за 1 минута ќе се намали болката значително.

Артритис

Додајте две лажици мед во шолја со жешка вода и една лажичка цимет во прав. Доколку овој напиток се користи секојдневно, во рок од месец дена, болката може и да исчезне.

Инфекција на мочниот меур

Две лажички цимет во прав, една лажица мед помешани во чаша со топла вода и испијте ја. Ова ги уништува бактериите во мочниот меур.

За појачување на имунитетот

Две лажици мед помешани со 1/4 лажичка цимет во прав. Го зголемува бројот на бели крвни зрнца.

Покрај овие заболувања, моќта на медот и циметот позитивно може да се одрази и кај лошиот здив, хроничниот замор, инфекција на кожата, неплодност и опаѓање на косата.

Предупредување: Овие совети можат да ви помогнат, но секогаш најпрво консултирајте се со вашиот матичен лекар

- Реклама -