Мечето Падингтон се враќа на големите екрани

Мечето овој пат се враќа во родниот Перу со авантури во амазонската прашума.

Светската премиера се одржа синоќа во Лондон во присуство на ѕвездите Оливија Колман, Хју Боневил и Антонио Бандерас.

Филмот ќе се прикажува во кината во Велика Британија од 8 ноември, а во Франција од февруари 2025 година.

Познатото плишано мече со сино палто и црвена капа, икона на британската литература за деца, оди на одмор во својата родна земја за да ја посети својата тетка Луси.

Придружуван од неговото семејство кое го посвои, Браун, тој ќе се најде вовлечен во неверојатни авантури во потрага по митското изгубено злато на градот Елдорадо.

Хју Боневил повторно го игра господин Браун, додека неговата сопруга овојпат ја игра Емили Мортимер. Оливија Колман ја игра нерасположената калуѓерка, додека Бандерас е авантуристичкиот капетан на бродот.

Бен Вишоу му го позајмува гласот на Падингтон.

Првите два филма, во 2014 и 2017 година, беа огромни успеси на бокс офисот, со заработка од околу 500 милиони долари ширум светот.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

Децата можеа да ги следат авантурите на мечката во околу 15 книги објавени до 2014 година, продадени во повеќе од 35 милиони примероци и преведени на повеќе од 40 јазици.

Падингтон „е роден“ во 1958 година од перото на англискиот писател Мајкл Бонд, кој почина во 2017 година на 91-годишна возраст.

Ликот на мечката е создаден за време на една Бадник, кога Бонд видел осамено плишано мече на излогот на една стоковна куќа во Лондон и решил да го купи и да ѝ го подари на својата сопруга за Божиќ.

Мечето го добило името по станицата што била најблиску до домот на Бонд.

Падингтон е познат по својата учтивост, добра природа и невино влегување во неволја, а сака да јаде мармалад.

- Реклама -