McDonald’s денеска објавија дека пластичните играчки што до сега беа подароци во прилог на Happy Meal оброците, ги заменуваат со книги за деца.Кампањата поддржана од National Literacy Trust ќе пласира во семејствата милиони книги од сите жанрови.
Оваа промена доаѓа по истражувањето на NLT кое покажува дека едно од три деца во Велика Британија не поседува книга, и дека само 50 отсто од децата уживале во читањето.
Петнеделната промоција ќе понуди серии книги од Amazing World, вклучувајќи ги Stars and Planets, Big Cats и Oceans.
Alistair Macrow, потпретседател на одделот Маркетинг во McDonald’s во Велика Британија објави дека со 1,200 McDonald’s ресторани низ цела Британија и осум од десет семејства кои ги посетуваат секоја година, возбудени се што ќе им помогнат на милиони мајки, татковци и деца да најдат забава во читањето.