Францускиот фудбалер Килијан Мбапе се огласи по повредата добиена синоќа на натпреварот против Австрија на Евро 2024 (1:0).
– Идеи за маска? – напиша Мбапе на социјалната мрежа Икс.
Дваесет и петгодишниот Французин се судри со австрискиот дефанзивец Кевин Дансо во 86. минута од натпреварот, по што заврши на тревникот.
Првично се претпоставуваше дека ќе му треба операција, но по прегледот во болницата во Дизелдорф беше одлучено повредата да се санира без оперативен зафат.
Во вториот натпревар на ЕП 2024 Франција ќе игра против Холандија на 21 јуни, истиот ден Австрија ќе се сретне со Полска.
Celui là Kylian pic.twitter.com/UpEUuvN9Gr
— 𝑨𝒍𝒆𝒙𝒊𝒊𝒔 ⚜️🇨🇷 (@Alexis92__) June 17, 2024