Мбапе не доби повик за дуелите со Италија и Израел

Капитенот Килијан Мбапе нема да настапи за Франција на претстојните натпревари од Лигата на нации против Италија и Израел.

„Имав разговори со Килијан и ја донесов својата одлука. Така е подобро. Мбапе сакаше да оди со нас, не е поради некој друг проблем“, изјави францускиот селектор Дидие Дешамп.

Француската репрезентација на 14 ноември ќе го пречека Израел во Париз, а три денови подоцна гостува во Милано против Италија, во двата последни натпревари од групната фаза Лигата на нации.

Мбапе не играше во претходните две кола во Лигата на нации, против Израел на 10 октомври и Белгија на 14 октомври, поради повреда на бутот.

Франција е втора на табелата во групата 2 во А дивизијата со девет бодови.

- Реклама -