Мажите открија што треба да поседува идеалната сопруга

Дали некогаш сте се запрашале како мажите гледаат на бракот и како ја замислуваат совршената сопруга? Анкетата спроведена меѓу припадниците на посилниот пол ни ги даде одговорите, но судејќи според некои чудни одговори тешко е да се процени дали биле искрени.

Кога станува збор за животот, љубовта, чуствата и врските се покажува дека жените се многу покомплицирани од мажите. Но, дали е ова навистина така?

Мажи над 20 години биле прашани за кои особини би сакале да ги поседува нивната идна сопруга. Иако прашањето можеби звучи едноставно, можеби ќе се изненадите уште повеќе кога ќе ги чуете дел од дадените одговори, меѓу кои има и доста незрели.

– Да сака тоа и јас што сакам, и да ужива во заедничкото гледање спорт на телевизија и акциони филмови.

– Да биде моја љубовница, но и моја најдобра пријателка. Ни една врска не е совршена, но најважно е да биде искрена.

– Да биде едноставна, спонтана и искрена личност.

– Да биде факултетски образована.

– Секогаш да биде дотерана и нашминкана, да носи секси долна облека и да биде совршено заоблена.

– Да биде откачена, спремна за акција и да може да го прати моето темпо.

– Мора секогаш да биде со мене, да ме подржува во моите одлуки како што и јас би правел за неа.

– Да биде мој најголем обожавател и во целост да ми верува како што би верувал јас во неа.

– Да не ѝ биде тешко да ја одржува куќата уредна и чиста, и убаво да готви.

– Да биде амбициозна и да делиме исти интереси.

- Реклама -